Почеток СПОРТТетовска Шкендија би можела до групната фаза во Лига Европа

Тетовска Шкендија би можела до групната фаза во Лига Европа

sportplus.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Тетовска Шкендија утре ќе го игра поривот меч против романскиот тим ФЦСБ во 2.коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

Тетовци денеска го дознаа и можниот противник за третата рунда во елитното натпреварување. Но, попладнево Шкендија го дозна и можниот противник при евентуален настап во Лигата на Европа.

Ако Шкендија биде елиминирана од романскиот тим, тогаш ќе продолжи во второто по ранг натпреварување Лигата на Европа.

Во неа тетовци би играле во третото квалификациско коло, а таму за противник би го имале поразениот од двомечот на шампионите на Данска и Косово, Копенхаген и Дрита.

Копенхаген важи за голем фаворит, па повеќе од јасно е дека Шкендија против Дрита, би имала идеален противник во борбата за влез во групите во Лига Европа.

Следете нé на социјалните мрежи

The post Тетовска Шкендија би можела до групната фаза во Лига Европа appeared first on Sport Plus Macedonia.

Можно е и ова да ти се допаѓа