Почеток ЕКОНОМИЈА Тетовски Интерпромет со намалена добивка во третиот квартал

Тетовски Интерпромет со намалена добивка во третиот квартал

еМагазин
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во првите девет месеци од годинава Интерпромет АД Тетово остварил приходи од 9.381 илјади денари, информира Друштвото преку Македонската берза.

Истите се за 72.643 илјади денари помали од приходите во истиот период од минатата 2023 година, кога тие изнесувале 82.024 илјади денари.

-Ова намалување се должи поради Договорот за купопродажба на 20.06.2023 година, поради што има намалување на капиталот т.е објекти кои сме ги издавале под закуп.

Друштвото оствари позитивен финансиски резултат во бруто износ од 23 илјади денари наспроти бруто добивката во истиот период за предходната 2023 година во износ од 69.655 илјади денари, што претставува намалување или нето добивка помала за 62.668 илјади денари, велат од таму.

Друштвото за овој период има расходи во износ од 9.358 илјади денари, кои се за 3.011 илјади помали од расходите во истиот период за минатата 2023 година, кога тие изнесувале 12.369 илјади денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетовски Интерпромет со намалена добивка во првото полугодие

Тетовски Интерпромет со драстичен раст на добивката

The post Тетовски Интерпромет со намалена добивка во третиот квартал appeared first on еМагазин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro