Почеток МАКЕДОНИЈА Тетовчанец со лажни документи го прогласиле за починат и му го зеле имотот

Тетовчанец со лажни документи го прогласиле за починат и му го зеле имотот

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во СВР Тетово, А.И.(80) од тетовско пријавил дека во текот на 2017 година без негово присуство во Основен суд Тетово била донесена пресуда со лажно прикажување на факти и докази.

Според пријавеното, во судот биле приложени лажни докази дека тој бил починат, а воедно од адвокат биле поднесени лажни докази – фалсификувано полномошно дека бил негов застапник и застапник на неговата ќерка.

Како што е пријавено, по донесувањето на пресудата со лажните докази Н.Ш. од истото село ја доставил пресудата во Агенција за катастар на недвижности-Тетово и неговиот имот бил префрлен на името на Н.Ш..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Текстот Тетовчанец со лажни документи го прогласиле за починат и му го зеле имотот е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro