0
На 21.07.2025 околу 17.10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат Тетово-с.Требош, патничко возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(22) од с.Ратае, општина Јегуновце, удрило во велосипед управуван од Р.Р.(64) од с.Требош, општина Желино, по што удрило во паркирано возило „фиат“, паркирано од А.И.(60) од Тетово и во деловен објект.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.И., додека со телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Тетово.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.