Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЖивот ТОАРИЛУЦ: Четворица пациенти од сообраќајката на патот Скопје – Велес, од кои двајца беа во критична состојба, се успешно излекувани

ТОАРИЛУЦ: Четворица пациенти од сообраќајката на патот Скопје – Велес, од кои двајца беа во критична состојба, се успешно излекувани

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Сите четворица пациенти, од кои двајца беа во исклучително тешка здравствена состојба и на механичка вентилација, хоспитализирани во Единицата за интензивно лекување -КАРИЛ, повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес се во добра здравствена состоба и надвор од животна опасност, соооштија од ТОАРИЛУЦ.

На 16 октовмри се случи тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес во близина на Катланово. Загинаа тројца патници, а петмина беа префрлени в болница, откако се преврте комбе на автопатот Скопје-Велес. Во Велес следниот ден беше прогласен Ден на жалост.

Тешка сообраќајка на автопатот Скопје – Велес пред тунелот, има загинати

 

Веднаш по хоспитализација на пациентите беше извршена тријажа, брза дијагностика и третман во соработка со Институт за радиологија, Клиниката за трауматологија, Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија, Клиниката за дигестивни болести и Клиниката за урологија.
Благодарност за натчовечките напори на дежурните и редовните медицински тимови. Сите четворица пациенти од кои двајца беа во критична состојба се успешно излекувани, информираат од ТОАРИЛУЦ.

The post ТОАРИЛУЦ: Четворица пациенти од сообраќајката на патот Скопје – Велес, од кои двајца беа во критична состојба, се успешно излекувани appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro