Почеток МАКЕДОНИЈА „ТОЛКУ БРЗО ЛИ ГО ЗАБОРАВИВТЕ КОЧАНИ“: Маж залепен за бандера, герила акција на скопскиот плоштад

„ТОЛКУ БРЗО ЛИ ГО ЗАБОРАВИВТЕ КОЧАНИ“: Маж залепен за бандера, герила акција на скопскиот плоштад

Лидер мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Апел до државата: Не ги заборавајте повредените деца од „Пулс“

Групата „Супорт Кочани“ денеска организираше герила акција на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Целта на акцијата беше да се привлече вниманието на институциите за сè поочајната состојба со донациите за лекување на повредените млади од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.

Симболичен протест: Залепен за бандера

„Што уште треба да ни се случи за да не заборавите?“. Ова го праша Мартин Кироски, член на тимот на „Супорт Кочани“. Во знак на револт симболично се залепен со селотејп за бандера на плоштадот и чекаше да пристигнат новинарите за да го испрати своето потресно обраќање.

– Се обраќам до луѓето кои ја водат државата. Уште што треба да ни се случи во Кочани за да се освестат дека тој град постои? Толку ли брзо не заборавивте? – рече Кироски.

Децата се вратени од странство без прсти

Апел за итна помош и продолжување на лекувањето. Кироски потенцира дека децата кои се вратија од странство по третманите се во многу тешка состојба, и дека некои од нив останале без прсти на рацете.

– Ако ништо друго, барем на тие деца да им помогнеме, порача тој.

Една ракавица – 1.000 евра

Државата молчи, а децата чекаат помош. Потребите се огромни, а донациите се драстично намалени. Кироски објаснува дека за едно дете се потребни четири специјални ракавици – по две за рацете и две за нозете – и дека секоја чини 1.000 евра.

Каков живот ќе живеат тие деца ако не им се помогне? – прашува тој, додавајќи дека државата очигледно нема намера да ги обезбеди потребните средства.

Лична приказна

На крај, Мартин сподели дека во трагичниот пожар ги изгубил пет свои другари. Тој потенцираше дека тоа ја прави борбата лична и уште поважна за него.

Хуманитарна аукција за Кочани: Собрани речиси 30.000 евра за повредените

Извор: Слободен печат

The post „ТОЛКУ БРЗО ЛИ ГО ЗАБОРАВИВТЕ КОЧАНИ“: Маж залепен за бандера, герила акција на скопскиот плоштад appeared first on Радио Лидер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro