Почеток СПОРТ Торнадо ја запре Индијана на патувањето кон првиот финален меч

Торнадо ја запре Индијана на патувањето кон првиот финален меч

Гол мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Патот на Индијана Пејсерс до финалето на НБА лигата не беше лесен, а дополнително се искомпликува во вторникот и тоа без да има врска со кошарката.

Тимот требаше да отпатува за Оклахома Сити на првиот меч против Тандер, но летот беше прекинат поради силно невреме. Поради предупредување за торнадо, авионот беше пренасочен и слета во Талса за да се надополни со гориво.

„Авионот на Пејсерс кружеше поради лошото време во Оклахома Сити, а потоа слета во Талса за да се наполни со гориво. Им благодариме на пилотите и екипажот на Делта за напорот, и се надеваме дека сите во Оклахома Сити и околните области се безбедни“, известија од клубот.

Ова е прво финале за Индијана по 2000 година, кога загуби од ЛА Лејкерс во единствениот настап во големото финале. Серијата се игра на четири победи, а првиот натпревар е закажан за четврток навечер во Оклахома.

www.gol.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остави коментар

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro