Англија ќе има шест претставници во Лигата на шампионите во сезоната 2025/26, што е историски првпат во елитното клупско натпреварување во Европа.
До оваа сезона, ниедна земја немала повеќе од пет клуба во европската елита, а причината за овој рекорден број англиски клубови лежи во комбинацијата од новиот формат на натпреварување, исклучителните резултати на англиските клубови во европските натпреварувања и нивниот успех на табелата со коефициенти на УЕФА.
Од сезоната 2024/25, УЕФА воведе нов формат на Лигата на шампионите со 36 клуба и таканаречената „лигашка фаза“, а во исто време е одлучено дека двете земји со најдобри европски клупски коефициенти од претходната сезона ќе добијат дополнително место во Лигата на шампионите. Англија, благодарение на одличните резултати на своите клубови во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига оваа сезона, обезбеди едно од овие две дополнителни места, како и Шпанија,
Во моментов, загарантираните места за Лигата на шампионите во сезоната 2025/26 имаат три англиски екипи. Ливерпул (шампион на Премиер лигата), Арсенал (второ место), Тотенхем (победник на Лигата на Европа)
Во последното коло од Премиер лигата три од следните пет тима ќе се борат за преостанатите Манчестер Сити, Њукасл, Челси, Астон Вила и Нотингем Форест.