Почеток Тошковски ќе го награди полицаецот што спречи девојка да си го одземе животот во Тетово

Тошковски ќе го награди полицаецот што спречи девојка да си го одземе животот во Тетово

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, по вчерашниот настан во Тетово, каде што полициски службеници спречија трагедија и спасија млад живот, денес го прими и разговараше со колегата Беким Исмани, кој со исклучителна храброст и присебност ја спречи девојката да скокне и да си го одземе животот, а притоа беше повреден од ножот што таа го држела во раката.

„Станува збор за млада девојка, жртва на тешка животна ситуација и психолошка криза. Благодарение на навремената и решителна интервенција на нашите полициски службеници од СВР Тетово, таа денеска е жива и надвор од опасност.
Ова не е само службено постапување, ова е чин на пожртвуваност, хуманост и длабока посветеност на мисијата да се заштити секој човечки живот. Во рамките на законските можности, ќе го наградам колегата Беким Исмани како признание за неговата храброст, професионализам и несебично постапување“, рече Тошковски.

Тој нагласи дека вистинската сила на полициската професија се гледа во најтешките моменти.

Текстот Тошковски ќе го награди полицаецот што спречи девојка да си го одземе животот во Тетово е превземен од МАКФАКС.