Траект кој патувал меѓу грчкиот остров Крф и градот Игуменица, со 550 патници и 16 членови на екипажот, се насука денеска на северозападот на земјата, пренесуваат медиумите во регионот.
Траектот се насука ма четири наутички милји (седум километри) северозападно од Игуменица.
Крајбрежната стража и туристички брод се на терен, а на пат се и три реморкери и дополнителна поддршка, објави Катимерини.
Траектот „Агиа Теодора“ кој плови на релација Крф-Игуменица се насука во плитки води, но надлежните велат дека нема закана за безбедноста на патниците.
Κέρκυρα: Αποκολλήθηκε το πλοίο, σε εξέλιξη η ρυμούλκηση – Εντός ορίου ο αριθμός επιβατών – Κέρκυρα Σήμερα – Corfu News – kerkyrasimera https://t.co/MKhwb3EvAg
— Corfu kerkyrasimera newspaper «Η ΚΕΡΚΥΡΑ ΣΗΜΕΡΑ» (@corfunewspaper) October 28, 2024
Според последните информации во тој дел на Грција временските услови се мирни.