Почеток СВЕТТрамп бил „затекнат“ од израелските напади врз Сирија

Трамп бил „затекнат“ од израелските напади врз Сирија

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Доналд Трамп, претседателот на САД, бил „затекнат“ од израелските напади на Сирија минатата седмица, појасни портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, додавајќи дека Трамп поради тоа разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израел минатата седмица изврши воздушни и други напади на главниот град на Сирија, Дамаск, и на јужниот град Сувејда со друзиско малцинство, за да ги натера владините вооружени сили да се повлечат од јужниот регион.

Завојуваните страни во Сирија се договорија за примирје, по израелските напади врз Дамаск, Сирија ја повлече војската од Сувејда

Во судирот на југот што го почнаа Берберите, кои се сунитски муслимани, и Друзите, кои се исламска секта, загинаа голем број луѓе, главно Друзи, а нивните претставници обвинуваа дека владините сили наместо да помогнат за разрешување на конфликтот убиваат и малтретираат Друзи.

Како што објасни Ливит на брифингот во Белата куќа, Трамп не бил изненаден само од бомбардирањето во Сирија, туку и од бомбардирањето на единствената католичка црква во Појасот Газа.

Две жени загинаа, 8 луѓе ранети во израелски напад на единствената католичка црква во Газа

„Во давата случаја, претседателот му кажа на премиерот да ги исправи тие ситуации“, рече портпаролката на Белата куќа.

Трамп досега не реагираше за убивањето во Газа. Се смета дека најмалку 60.000 жители на Газа ги загубиле животите во израелската офанзива, а стотици илјади се оставени речиси без вода и без храна.

Грозоморни нешта кажани на погреб на израелски војник: Се фалеше колку куќи срушил, колку Арапи нема да се вратат во Газа

The post Трамп бил „затекнат“ од израелските напади врз Сирија appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа