Почеток КУЛТУРАТрамп го објави датумот на ждрепката за Светското првенство 2026

Трамп го објави датумот на ждрепката за Светското првенство 2026

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Ждрепката за Светското првенство ќе се одржи на 5 декември во „Центарот Кенеди“ во Вашингтон, објави американскиот претседател Доналд Трамп.

„Тоа е веројатно е најголемиот спортски настан“, рече Трамп во Овалната соба до претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, држејќи го трофејот наменет за победникот на Светското првенство.

На Светското првенство, кое ќе се одржи следната година во САД, Канада и Мексико, ќе учествуваат рекордни 48 национални тимови.

Планирано е да се одиграат 104 натпревари, додека финалето е доделено во Њу Џерси, каде што се играше и финалето на Светското клупско првенство оваа година.

Светското првенство е закажано за 11 јуни до 19 јули следната година.

The post Трамп го објави датумот на ждрепката за Светското првенство 2026 appeared first on Вечер …1963 | Vecer MK.

Можно е и ова да ти се допаѓа