Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера „се пофали“ дека компанијата „Кока-Кола“ се согласила да користи „вистински шеќер од шеќерна трска“ како засладувач во своите пијалоци што се продаваат на пазарот во САД по неговата средба со претставници на компанијата, јавија американските медиуми.
„Разговарав со Кока-Кола за користење на вистинска шеќерна трска во кока-колата во САД и тие се согласија. Се заблагодарувам на сите во рамките на компанијата Кока-Кола што ја донесоа оваа одлука“, напиша Трамп на неговата социјална мрежа Трут Соушл.
Разговорот бил во склоп на иницијативата „Make America Healthy Again“, која е покрената од администрацијата на Трамп. Целта на кампањата е да се поттикне прехранбената индустрија да ги отстрани вештачките состојки, како вештачките бои, од своите производи.
Пијалокот Кока-Кола во САД се засладува со пченкарен сируп со висока концентрација на фруктоза, додека во другите земји, вклучително и делови на Европа, се користи шеќер од шеќерна трска.
The post Трамп: По разговорот со мене, „Кока-Кола“ се согласи да користи вистински шеќер од шеќерна трска appeared first on Локално.