Почеток КУЛТУРАТрансформација на сетилата: Јубилејно Охридско лето

Трансформација на сетилата: Јубилејно Охридско лето

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Синоќа под ѕвезденото небо на Охрид ја отворивме јубилејната 65-та страница од највеличествената културна сага на Македонија – „Охридско лето“, објави Зоран Љутков, министер за култура и туризам.

Ова не е само фестивал. Ова е духовен завет, жива врска меѓу минатото и иднината, меѓу раскошот на традицијата и современата уметничка виталност. Овде уметноста не се изведува – таа се случува, се памети и се вградува во нашата колективна културна меморија, истакна Љутков.

Годинава, под мотото „Трансформација на сетилата“, со настапот на Клер Хуангчи, диригентот Едвин Оутвотер, Македонската филхармонија и визуелната магија на Рафаел Карико – отворањето беше повеќе од концерт: вистински аудиовизуелен спектакл, норита во објавата министерот.

Можно е и ова да ти се допаѓа