За прв пат годинава, во Општина Кисела Вода се одржа ликовна колонија. Tраеше три дена и секој ден учениците од основните училишта во Општината, избрани од своите ментори, имаа можност да научат нешто ново од афирмираните уметници: Петра Јовановска, Александар Таневски, Боро Арсовски, Цветанка Јованова-Хермес, Јоана Арсовска и Влатко Зафирковски.
– Пред да почнат да творат, младите уметници посетија локации од нашата Општина, кои имаат особено значење за културното наследство на Општината, поточно црквите „Свети Ѓорѓија“ и „Свети Ѓорѓи Никита“ и местото Пеленица со манастирот „Света русокоса Среда“. При посетата на светите храмови, учениците дознаа малку повеќе за културното наследство во Општина Кисела Вода, за легендата за Кисела Вода, за обичаите и обредите во текот на верските празници – соопштија од локалната самоуправа.