Почеток МАКЕДОНИЈА Трипуновски: Обврска на локалната самоуправа е да обезбеди питка вода за пиење

Трипуновски: Обврска на локалната самоуправа е да обезбеди питка вода за пиење

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Обврска на локалната самоуправа е да обезбеди питка вода за пиење за граѓаните. Нашата интенција беше да помогнеме затоа што видовме дека локалната самоуправа не успеа да го изменаџира процесот, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски по вчерашното излегување на Струмица од ЗЕЛС.

Од Општината Стримица вчера обвинија за индиферентен однос кон градот и нејзините граѓани во периодот кога се соочуваат со еден од најголемите предизвици – водата за пиење и поради одбивањето на единствениот проект од Струмица за користење на средства од унгарскиот кредит.

Трипуновски вели дека во целата ситуација нема никаква политика од страна на Владата и дека единствената интенција на Министерството била да и се помогне на општината за надминување на проблемот со водата за пиење.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro