4
Како и што најави, македонската поп ѕвезда Калиопи вчерва одржа јубилеен спектакл во салата „Борис Трајковски“ со којшто одбележува 40 години на сцената.
Нејзиниот концерт во Скопје доаѓа по речиси седум години, а како гости настапија Слаткаристика, Жељко Самарџиќ и Ромео Грил.
На тричасовен спектакл публиката уживаше целата своја енергија што ѝ ја подари Калиопи, која секогаш ужива во взаемниот флуид, а кој не недостигаше ни вечерва.
Во арената полна емоции немаше простор за одвишна воздишка, освен за љубов и одушевување.
Фото: П.Стојановски