Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава Трошоците за храна и пијалаци се намалени за 1.000 денари

Трошоците за храна и пијалаци се намалени за 1.000 денари

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Трошоците за храна и пијалаци се намалени за 1.000 денари, мерките на Владата за намалување на цените даваат резултат, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Синдикалната минимална кошница, која ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија јасно покажува дека трошоците за храна и пијалаци за едно четиричлено семејство во октомври во споредба со септември оваа година се намалени за 1.000 денари. Поголем доказ од ова дека мерките на владата даваат плод нема. Граѓаните не се оставени на цедило. Владата презема реални мерки за зачувување и зголемување на животниот стандард. Растат пензиите, платите, се подобрува бизнис климата. Народот има партнер во владата, која работи за него, а не против него – вели Петрушевски.

Тој посочува дека инфлацијата е драстично намалена и изнесува помеѓу 2 и 2,5 проценти, за време на СДС таа беше двоцифрена.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro