Почеток БАЛКАН Тројца мажи сакале да ја запалат куќата на обвинетиот за масакрот кај Младеновац

Тројца мажи сакале да ја запалат куќата на обвинетиот за масакрот кај Младеновац

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Полицијата во Младеновац уапсила тројца мажи кои се обиделе да запалат куќа во сопственост на семејството на Урош Блажиќ, осомничен за масакрот во селата Мало Орашје и Дубона.

За случајот е известено Основното јавно обвинителство Младеновац.

Познато е дека тројца мажи со автомобил „фиат“ се упатиле до куќата на Блажиќ во Дубона и се обиделе да ја запалат куќата.

Пожарот зафатил само сува трева, а полицијата изгаснала се пред да пристигнат пожарникарите. Осомничените веднаш биле приведени.

Денеска во Специјалниот суд во Белград продолжува судењето на Урош Блажиќ и неговиот татко Радиша.

Текстот Тројца мажи сакале да ја запалат куќата на обвинетиот за масакрот кај Младеновац е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro