Почеток БАЛКАН Тројца од повредените се уште се во тешка состојба, втор ден на жалост во Војводина

Тројца од повредените се уште се во тешка состојба, втор ден на жалост во Војводина

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Србија жали за 14-те жртви од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Во Војводина е втор ден на жалост. Граѓаните им оддаваат почит на настраданите пред Железничката станица. Тројца од тешко повредените се уште се во животна опасност.

Поради трагедијата во Нови Сад денеска во Црна Гора е Ден на жалост.

Обвинителството нареди распит на најмалку 20 лица. Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, во присуство на обвинителот во СВР Нови Сад даде изјава.

Претседателот Александар Вучиќ во своето обраќање до јавноста побара Вишото јавно обвинителство во Нови Сад и Владата на Србија да ги гонат и најстрого да ги казнат одговорните за уривањето на настрешницата.

Текстот Тројца од повредените се уште се во тешка состојба, втор ден на жалост во Војводина е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro