Полицијата информира дека вчера се случил немил настан, во кој 92-годишен возач со „венто“ прегазил неколку пешаци во тетовско.
-На 28.10.2024 околу 12.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с. Жеровјане патничко возило ,,венто“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Ј.Ф.(92) од с. Жеровјане, удрило во пешаците И.С.(65) и О.С.(69) од с. Жеровјане и М.З.(66) од с. Теново.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Ј.Ф. и пешакот О.С., додека И.С. и М.З. се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово, појаснуваат од МВР.
Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Тетово.
The post Тројца пешаци завршија во болница откако биле прегазени од 92-годишник appeared first on Локално.