Почеток МАКЕДОНИЈА Уапсен едниот од напаѓачите во Арачиново, другиот е во бегство

Уапсен едниот од напаѓачите во Арачиново, другиот е во бегство

racin.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

МВР соопшти дека двајца браќа од Арачиново се осомничени за пукањето на 1 ноември во кое едно лице почина, а друго беше тешко повредено.

Браќата на возраст од 23 и 31 година се од Арачиново, а според обвинителството нападот бил извршен со умисла за убиство бидејќи жртвата имала долг од 7000 евра кон нивниот починат татко.

На 1 ноември убиен беше С.А. (56) од Арачиново, а неговиот син Х.А. (20) беше тешко повреден.

„Двајцата браќа се договориле да се најдат со таткото и синот, при што постариот брат тргнал кон нив физички да се пресмета, а помладиот извадил огнено оружје – пиштол и испукал неколку пати кон оштетените, нанесувајќи им повеќе прострелни рани. Кај нападнатиот татко настапила смрт, додека неговиот син се здобил со тешки телесни повреди“, велат од обвинителството.

МВР објави дека Е.Ш. (31) бил лишен од слобода, додека Ш.Ш. (23) е во бегство. Тие ќе се конат за убиство и обид за убиство.

Од страна на Судија на претходна постапка на двете пријавени лица им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. За лицето во бегство притворот ќе се применува од неговото пронаоѓање и приведување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro