Почеток Црна ХроникаУапсен жител на Рајчицa, предизвикал пожар на неговата нива

Уапсен жител на Рајчицa, предизвикал пожар на неговата нива

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

На 23.07.2025 во 12 часот полициски службеници од ОВР Дебар, во атарот на дебарското село Рајчица, од слобода го лишија Ѓ.Ѓ.(59) од истото село, поради сомнение дека истиот ден, околу 10 часот, предизвикал пожар на неговата нива, лоцирана во истото село, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Дебар.

По целосно документирање на настанот, против Ѓ.Ѓ. ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.

Можно е и ова да ти се допаѓа