Жител на струмичко село е уапсен откако неговата вонбрачна партнерка го пријавила дека ја силувал, соопшти МВР.
„На 30.10.2024 во 18.45 часот полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 27-годишен жител на струмичко, поради сомнение дека извршил обљуба врз 20-годишна жителка на радовишко село, со која живеел во вонбрачна заедница. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица“, велат од МВР.
По документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
The post Уапсен маж од струмичко, вонбрачната пријателка го пријавила дека ја силувал appeared first on Локално.