Почеток БАЛКАН Уапсен маж осомничен дека е вмешан во кражбата на тврдо сирење во Лондон, вредно 360.000 евра

Уапсен маж осомничен дека е вмешан во кражбата на тврдо сирење во Лондон, вредно 360.000 евра

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Маж (63) е уапсен под сомнение дека е вмешан во кражба на чедар вредно 360.000 евра во областа Саутварк во Лондон и е обвинет за лажно претставување и ракување со украдена стока, соопшти денеска полицијата.

Полицијата ја истражува кражбата на тврдо сирење од фирмата „Нилс јард Дери“, од која лажен клиент, претставувајќи се како легитимен дистрибутер на големо на голем француски трговски синџир, минатата недела побарал да му достави 22 тони сирење.

Во соопштението на полицијата се наведува дека осомничениот маж бил одведен во полициска станица во Јужен Лондон каде бил сослушан, објави Скај њуз.

Полицијата навела и дека мажот е ослободен по распит до спроведување на понатамошна истрага, пренесува Танјуг.

Млекарницата „Нилс Јард дери“ соопшти дека открила дека идентитетот на лицето бил лажен дури откако биле испорачани вкупно 950 сирења, вклучително и три вида украдени занаетчиски сирења, Хафод Велш, Весткомб Чедар и Чедар Пичфорк.

Тие тврди сирења се продаваат по цена од 8,5 до 15,5 евра за мало парче.

Компанијата „Нилс Јард дери“, со седиште во Лондон, продава британски и ирски тврди сирења од 1980-тите и има четири продавници во градот, како и онлајн.

Компанијата додаде дека нивните тврди сирења имаат освоено бројни награди и се меѓу најбараните занаетчиски сирења во Обединетото Кралство, и дека нивната висока парична вредност ги направила „посебна цел на крадците“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro