Почеток МАКЕДОНИЈАУапсен турски државјанин, се самозадоволувал пред девојки во хостел во Центар

Уапсен турски државјанин, се самозадоволувал пред девојки во хостел во Центар

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

„Вчера во 19.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Н.(57) од Република Турција, постапувајќи по претходна пријава дека околу 19.15 часот во хостел на подрачјето на Центар во Скопје, се самозадоволувал пред две 24-годишни девојки од Турција, им се заканувал и се обидел да ги нападне со остар предмет.

Кај него бил пронајден остриот предмет, а тој бил задржан во полицискa станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава“, информираат од МВР.

The post Уапсен турски државјанин, се самозадоволувал пред девојки во хостел во Центар appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа