Почеток СВЕТ Уапсен швајцарски државјанин во Белград поради покажување на двоглав орел

Уапсен швајцарски државјанин во Белград поради покажување на двоглав орел

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ информира дека полицијата во Белград уапсила швајцарски државјанин кој со рацете покажувал двоглав орел, додека се трага по уште едно лице кое го сликало неговиот сонародник.

„Полицијата во Белград го уапсила лицето Б.Ц.(1992), државјанин на Швајцарија, кој на аголот од улицата Таковска и плоштадот Никола Пашиќ го покажувал симболот на Голема Албанија – двоглав орел, додека другото лице кое сликало се оддалечило од местото на настанот“, појаснил првиот полицаец на Србија.

Идентификувано е и второто лице со иницијали Г.В.(1991), исто така државјанин на Швајцарија, по кого се трага.

Дачиќ навел дека следува натамошна работа на овој случај.

The post Уапсен швајцарски државјанин во Белград поради покажување на двоглав орел appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro