Почеток Уапсен 23-годишник од Скопје: при претрес најдено оружје и куршуми

Уапсен 23-годишник од Скопје: при претрес најдено оружје и куршуми

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со Агенцијата за национална безбедност и Основното јавно обвинителство Скопје, на 19.07.2025 година извршија претреси на дом и други простории на две локации во Скопје.

За време на претресите кај лицето С.А. (23) од Скопје пронајдени и одземени се електронски доказни материјали, огнено оружје и 51 куршум.

По извршените претреси за С.А. до Основното јавно обвинителство Скопје поднесена е кривична пријава за „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Фото: принтскрин

Текстот Уапсен 23-годишник од Скопје: при претрес најдено оружје и куршуми е превземен од МАКФАКС.