Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, донесе одлука со која уште еднаш ја потврди позитивната атмосфера во редовите на францускиот гигант. Сите 600 вработени во клубот ќе добијат шанса да бидат дел од финалето во Лигата на шампионите во Минхен на 31 мај, каде ПСЖ ќе се соочи со Интер.
„Горди сме што сме едно семејство – семејството на Пари Сен Жермен, кое го претставува Париз и Франција на највисоко ниво. Затоа, сите наши вработени ќе имаат можност да го поддржат тимот на лице место во финалето“, напиша Ал-Келаифи во писмото упатено до вработените.
Во дописот, првиот човек на ПСЖ им оддаде признание за нивната посветеност, професионализам и страст кон клубот.
Парижаните вторпат во историјата ќе играат во финале од Лигата на шампионите. Претходната шанса ја имаа во 2020 година, но тогаш беа поразени од Баерн Минхен со 1-0 во Лисабон. Сега, четири години подоцна, ќе се обидат конечно да го освојат посакуваниот европски трофеј.
www.gol.mk