Најмалку 10 припадници на пакистанските безбедносни служби се убиени синоќа во напад на милитанти врз нивен објект во близина на северозападниот град Дера Исмаил Кан, изјавија два полициски извори.
Исламистичката милитантна група Техрек-е Талибан Пакистан ја презеде одговорноста за нападот, според соопштението на организацијата.
Тахрек-е-Талибан Пакистан со години извршува напади во Пакистан против владини претставници, настојувајќи да ја собори владата и да воспостави администрација со строг исламски закон.
The post Убиени се најмалку 10 припадници на пакистанските безбедносни служби, одговорноста ја презедоа исламистите appeared first on Локално.