Сега фудбалскиот клуб Палестина и бројни палестински медиуми објавија дека е убиен палестинскиот репрезентативец Имад Абу Тима. 21-годишникот, кој играше за репрезентацијата на Палестина до 20 години, беше убиен заедно со девет членови на семејството.
Абу Тима играше за Итихад Кан Јунис на клупско ниво, а тој е еден од дури 245 фудбалери убиени за време на војната што започна во октомври минатата година.
Во овој конфликт загинаа над 400 палестински спортисти, а моментално ФИФА се соочува со случај инициран од Палестинската фудбалска асоцијација. Се бара сите израелски репрезентации и клубови да бидат исклучени од меѓународните натпреварувања поради последиците од разорната војна, но одлуката за ова веќе неколку пати се одложува.
The post Убиен фудбалски репрезентативец и девет членови од неговото семејство appeared first on Локално.