Според информациите, осумнаесетгодишниот скопјанец бил нападнат од две лица на постојката кај трговскиот центар Сити мол.

За кратко време по нападот, полицијата уапсила едно малолетно лице на возраст од 15 години кое признало дека го сторило делото.

Повредениот скопјанец е задржан на скопските клиники, а напаѓачот е задржан во полициска станица.