Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава „Уживање“ на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во МКЦ

„Уживање“ на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во МКЦ

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во Галеријата на МКЦ на 4 ноември, во 20 часот, ќе се отвори изложбата „Уживање“ на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева.

-Опсервацијата на ликовните дела во актуелната изложба „Уживање“ на двете млади, академски ликовни авторки, е предизвик за нотирање на нови енергии и продукции во ликовната сфера, но и задача за барање на онаа допирна точка, оној заеднички именител кој ги поврзува како творци, а ги издвојува како индивидуи. Во овој колаборативен проект, Ампева и Патлиџанковска, преку своите дела се обидуваат да ја пренесат „магијата“, убавината на творечкиот занес во процесот на создавањето на едно дело, високото чувство на задоволство при проекцијата на мислата и материјализацијата на сликарската идеја на сликарското платно. Изложбата содржи дела работени во текот на 2024 година, големи формати, кои во ликовниот израз припаѓаат на реалистичката или фигуративната ликовна сфера, со примеси на одредена симболичност и асоцијативност, се посочува кон изложбата која ќе биде отворена до 14 ноември.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro