Утрово во 05.50 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Д.(29) од с.Арачиново, скопско.
Тој се сомничи дека денеска околу 05.30 часот во казино во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, со употреба на сила над вработениот, одзел пари од касата, информираат од МВР.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот.
Од полицијата додаваат дека лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
The post Утрово уапсен арачиновец кој 20 минути претходно ограбил казино appeared first on Република.