Почеток СВЕТ Уште една тужба против Илон Маск: Давањето милиони на потенцијалните гласачи е „незаконска лотарија“

Уште една тужба против Илон Маск: Давањето милиони на потенцијалните гласачи е „незаконска лотарија“

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Обвинителите во Филаделфија поднесоа тужба со цел да го спречат Елон Маск и неговата политичка групација America PAC да поделат 1 милион долари на гласачите во клучните држави за претстојните избори, обвинувајќи го милијардерот за водење на нелегална лотарија.

– Американскиот PAC и Маск мора веднаш да бидат запрени, пред претстојните претседателски избори на 5 ноември – изјави во тужбата окружниот обвинител на Филаделфија, Лоренс Краснер.

Тужбата беше поднесена неколку дена откако американското Министерство за правда го предупреди Америка PAC на Маск дека доделувањето 1 милион долари на гласачите може да го прекрши федералниот изборен закон.

Маск, кој водеше агресивна кампања за Доналд Трамп, рече дека гласачите кои сакаат да ја добијат наградата од милион долари не треба да се регистрираат како републиканци или да гласаат.

Како дел од неговиот напор, Маск во октомври објави дека по случаен избор ќе доделува награда од 1 милион долари на луѓето во сојузните држави – Пенсилванија, Џорџија, Невада, Аризона, Висконсин, Мичиген и Северна Каролина – секој ден до 5 ноември.

Текстот Уште една тужба против Илон Маск: Давањето милиони на потенцијалните гласачи е „незаконска лотарија“ е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro