Почеток ЕКОНОМИЈАУЈП апелира до таксистите да издаваат фискални сметки и најавуваат засилени контроли

УЈП апелира до таксистите да издаваат фискални сметки и најавуваат засилени контроли

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Управата за јавни приходи ги информира сите вршители на авто- такси превоз на патници дека во наредниот период ќе се спроведуваат засилени контроли со посебен акцент на издавањето фискални сметки и почитувањето на одредбите од Законот за регистрирање на готовински плаќања.

Контролите ќе се спроведуваат во соработка со други надлежни институции низ целата држава, особено во туристичките региони, каде што во летниот период е зголемена фреквенцијата на патници и активноста на авто-такси превозниците.

Споед УЈП, даночните обврзници кои вршат авто-такси превоз должни се:

-Да користат мобилни фискални апарати со интегриран ГПРС уред;

-Да го регистрираат остварениот промет во фискалниот апарат;

-Да издаваат фискална сметка за секоја услуга во готовински промет;

-Да го евидентираат прометот во книгата на дневни финансиски извештаи, за секоја фискална каса поединечно;

-Да го уплатат дневниот промет на трансакциска сметка кај носителот на платен промет најдоцна наредниот работен ден;

-Да имаат јасно и видно истакнато соопштение за задолжително барање на фискална сметка од страна на корисниците на услугата.

Доколку граѓаните имаат сознанија за неправилности поврзани со авто-такси превозот или неиздавање фискални сметки во која било дејност, ги охрабруваме да пријават преку бесплатната телефонска линија: 198 или Е-пошта: info@ujp.gov.mk

-Управата за јавни приходи ги разгледува добиените претставки и постапува согласно своите надлежности. Апелираме до сите авто-такси превозници, како и до сите даночни обврзници, да постапуваат согласно законските прописи, со цел зајакнување на даночната усогласеност и подобрување на даночната дисциплина, стои во соопштението на УЈП.

The post УЈП апелира до таксистите да издаваат фискални сметки и најавуваат засилени контроли appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа