Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава УЈП: Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот е-даноци работи забавено

УЈП: Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот е-даноци работи забавено

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека поради зголемен прилив на поднесувања на ДДВ-04 пријавите, некои даночни обврзници имаат потешкотии при поднесувањето на пријавите. Тимови од УЈП активно го следат функционирањето на системот.

– УЈП постојано апелира до даночните обврзници и сметководителите да не го чекаат последниот момент за поднесување и кооперативно да придонесат за навремено, целосно и точно исполнување на даночните обврски со цел да се спречат вакви ситуации кога има масовно поднесување во последните денови пред истекот на законскиот рок и е потребно повеќе време за обработка во системот на УЈП – потенцираат од Управата за јавни приходи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro