Почеток СПОРТФабрегас останува на клупата на Комо

Фабрегас останува на клупата на Комо

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Шпанскиот фудбалски тренер Цеск Фабрегас изјави денеска дека воопшто не ја разгледал понудата на Интер, бидејќи верува во проектот за развој на Комо, кој веќе потроши сто милиони евра за засилувања ова лето, јавија италијанските медиуми.

„Ја примив понудата, но не размислував за заминување. Минатото лето потпишав четиригодишен договор, а тоа не го правите ако се сомневате во проектот“, рече Фабрегас, кој почна тренерска кариера, откако со голем успех настапуваше во Арсенал, Барселона и шпанската репрезентација.

Минатата сезона, Комо заврши на десеттото место во Серија А, а сега амбициите се многу поголеми. Во јануари, Комо потроши 50 милиони евра за засилувања, а ова лето веќе издвои сто милиони евра за играчи кои треба да донесат успешна сезона во Серија А.

Најскапо беше платен крилниот напаѓач на Бетис, Хесус Родригез (19), за кого Комо издвои 22,5 милиони евра. Хрватот Мартин Батурина (22) се пресели од Динамо во Комо за 20 милиони евра, додека италијанскиот клуб плати 19 милиони евра за крилниот напаѓач на Селтик, Николас Кун (25).

Сè уште се чека доаѓањето на искусниот напаѓач на шпанската репрезентација, Алваро Мората (32), како и на дефанзивецот Јакобо Рамон (20).  (МИА)

Можно е и ова да ти се допаѓа