Почеток МАКЕДОНИЈА Фатени бегалци од затвор и вратени на доиздржување на казните

Фатени бегалци од затвор и вратени на доиздржување на казните

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

На 28.10.2024 во 17.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Р.(27) од Струмица, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Струмица.

Д.Р. е осуден на затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“, а имал за доиздржување 5 месеци и 17 дена. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.

На 28.10.2024 во 19.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Е.Џ.(21) од село Лакавица, штипско, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Струмица.

Е.Џ. е осуден на затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“, а имал за доиздржување 10 месеци и 15 дена. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.

The post Фатени бегалци од затвор и вратени на доиздржување на казните appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro