Деновиве мета на медиумите на СДС и нивната новинарска ергела заедно со интернет-троловите (не дека разликата е голема) е директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
Во прва смена по девалвацијата на Миле Лефков, вработените во СДС Фабриката се насочуваат кон него. Некогаш и обратно, зависно од смената и задачата која им ја задал Забрчанец. Велат Филипче не го правел ова, затоа што не го разбирал.
Еве еден класичен пример на ФОТО-МОНТАЖА, за која неупатените очебијно не знаат дека е многу лесно да се утврди со обични интернет алатки за споредба на фотографиите и наоѓање ан вистинскиот извор. Коментарот е непотребен/сувишен…
Во постот на секогаш „критички“ настроениот кон оваа власт, професионален и непристрасен колега новинар, искористена е фотографија која нема никаква врска со инсинуираниот настан за некакво возило од Министерството за земјоделие кое демек чини колку половина ново ПП возило.
Локални избори доаѓаат, отворете четири очи.
Упс…