Почеток СВЕТФатени 206 кг кокаин на бугарско-турската граница, приведен дипломат

Фатени 206 кг кокаин на бугарско-турската граница, приведен дипломат

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Бугарските гранични власти заплениле речиси 206 килограми кокаин на границата со Турција и уапсиле три лица, меѓу кои и дипломат од Демократската Република Конго акредитиран во Белгија.

Дрогата, со проценета вредност од околу 20 милиони евра, била откриена во комбе со белгиски регистарски таблички, скриена меѓу лични предмети во пет куфери. Имало вкупно 179 пакувања кокаин.

Станува збор за најголема заплена на кокаин на бугарска копнена граница досега.

Уапсени се 40-годишен дипломат од Конго, 54-годишен белгиски државјанин и 43-годишен Бугарин кој управувал со возилото.

The post Фатени 206 кг кокаин на бугарско-турската граница, приведен дипломат appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа