Почеток МАКЕДОНИЈА Фатмир Лимани најави можност за отворање македонски конзулат во Корча

Фатмир Лимани најави можност за отворање македонски конзулат во Корча

Лидер мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Конзулатот ќе придонесе за заедничка туристичка понуда и регионална соработка

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, денеска присуствуваше во Корча, Албанија, на официјалното отворање на летната туристичка сезона, каде што се одржа традиционалниот маскенбал од Корча.

Во изјава за албанските медиуми, Лимани најави дека се разгледува можноста за отворање македонски конзулат во овој град во југоисточна Албанија.

„Ја разгледуваме можноста за отворање конзулат тука што ќе биде можност повеќе за заедничка туристичка понуда, но и унапредување на соработката во целина. Чест и посебно задоволство ми е што денес се наоѓам во Корча, по покана на градоначалникот, Сотираќ Фило, за да присуствувам на официјалното отворање на летната туристичка сезона 2025“, изјави Лимани за ABC News.

Градоначалникот на Корча: Заедничките туристички пакети се нов импулс за регионот

Градоначалникот на Корча, Сотираќ Фило, изјави дека заедничките туристички пакети се важни за унапредување на соработката меѓу двете земји и за привлекување поголем број посетители.

Според телевизијата Корча, регионите како Охрид, Струга и околината веќе имаат потенцијал да се позиционираат како туристички дестинации кои можат да привлечат туристи од целиот регион, но и од пошироко.

Фатмир Лимани: Туризмот, младите и културната соработка се патот до заедничка иднина

Во објава на својот профил на Фејсбук, министерот Фатмир Лимани ја истакна потребата од продлабочување на соработката во неколку сектори, особено оние поврзани со младите, социјалните политики и туризмот.

„Во време кога социјалните и демографските предизвици бараат заеднички одговори, цврсто верувам дека мора да се продлабочи соработката меѓу нашите земји – во областа на младите, социјалните политики, одржливиот развој и промоцијата на културниот туризам. Само преку искрено партнерство и заедничка визија можеме да изградиме подобра иднина за идните генерации“, напиша тој.

Министерот истакна дека ова лето треба да биде сезона на обединување, радост и развој и ја заврши пораката со повик на заедништво:

„Да го продолжиме градењето на нашата меѓусебна соработка врз вредностите што нè обединуваат: гостопримството, трудољубивоста, љубовта кон татковината и почитта еден кон друг. Посакувам ова лето да биде исполнето со позитивна енергија и незаборавни моменти – токму тука, во магичната Корча“, порача Лимани.

Извор: Republika

The post Фатмир Лимани најави можност за отворање македонски конзулат во Корча appeared first on Радио Лидер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro