Холивудскиот убавец Бред Пит со години воодушевува со својот беспрекорно младешки изглед, а во последните денови повторно е во центарот на вниманието. Неговиот нов филм „Ф1“ привлече милиони гледачи во кината низ целиот свет, но она што им го привлече вниманието на многумина беше неговиот изглед на 62-годишна возраст.
На социјалните мрежи веќе се појавија гласини дека Бред Пит направил фејслифт, но тројца врвни пластични хирурзи открија за „Дејли меил“ за што се работи.
Естетските експерти истакнуваат дека не ги забележале типичните знаци на процедурата за лифтинг на лицето, како што се затегната кожа, лузни околу увото и стеснети очи. Наместо тоа, речиси сите се согласија дека е поверојатно Бред да користел филери за трансфер на маснотии или филери за средината на лицето кои го враќаат волуменот и даваат младешки изглед.
„Ова е суптилна процедура која е идеална за јавни личности бидејќи не го менува драматично нивниот изглед, што е важно за некој како Бред, чие лице е негов бренд“, вели д-р Мајкл Басири-Техрани, пластичен хирург со седиште во Њујорк.
Извори блиски до актерот ги негираа гласините за лифтинг на лицето, а хирурзите ја базираа својата проценка на достапните фотографии и видеа. Д-р Бери Вајнтрауб објаснува дека неговиот „пополн“ изглед на неодамнешните фотографии најверојатно е резултат на процедури за полнење на образите со масно ткиво или филери, но исто така е можно само да се здебелил.
Експертите истакнуваат дека ваквите процедури го враќаат волуменот што исчезнува од лицето со текот на годините, што значително го подмладува изгледот. Тие исто така рекоа дека филери или трансфер на масно ткиво веројатно биле применети на јаболчниците и долниот дел од лицето (вилицата), при што масното ткиво давало потраен и поприроден резултат.
За разлика од многу ѕвезди, според хирурзите, Бред избегнувал блефаропластика, процедура за отстранување на кожата од очните капаци, поради што неговиот изглед не се променил драстично. Д-р Гари Линков, исто така, не пронашол јасни докази за фејслифтинг и се согласува со своите колеги.
„Пред неколку години споменав дека би можел да има таква операција и мислам дека не е невозможно повторно да направи нешто слично“, тврди Линков.
The post Фејслифт или филери: Експертите конечно ја решија мистеријата за младешкиот изглед на Бред Пит appeared first on Локално.