Почеток МАКЕДОНИЈА Филипче: Не сакам да коментирам работи од мојот приватен живот

Филипче: Не сакам да коментирам работи од мојот приватен живот

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Не сакам да коментирам работи од мојот приватен живот, кратко изјави лидерот на СДСМ и пратеник, Венко Филипче за видеото со забавата во ДУИ, на кое е прикажан во присуство на екс-премиерот Зоран Заев.

На социјалната мрежа Фејсбук се појави видео од Филипче и Заев како се забавуваат на забава на која пее српскиот пејач Харис Џиновиќ. Видеото е снимено минатата недела во Дубаи.

Двајцата се веселат на забава за која се верува дека е настапот на Ѓиновиќ во хотелот Хилтон во Дубаи на 25 и 26 октомври.

На снимката се гледа како актуелниот лидер на СДСМ седи во агол и со мобилниот телефон снима или фотографира дел од изведбата на пејачот, додека Заев е во непосредна близина на Џиновиќ.

The post Филипче: Не сакам да коментирам работи од мојот приватен живот appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro