Почеток СВЕТФицо: Словачка е подготвена да одобри нови санкции на ЕУ кон Русија

Фицо: Словачка е подготвена да одобри нови санкции на ЕУ кон Русија

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Словачка е подготвена да го одобри 18. пакет санкции на Европската Унија кон Русија, изјави вчера премиерот Роберт Фицо.

Пакетот санкции предложен од Европската комисија е насочен против финансискиот и енергетскиот сектор на Русија, поради одбивањето на претседателот Владимир Путин да се согласи на безусловно примирје во Украина.

Слобачка еден месец го блокираше изгласувањето на новите санкции.

Санкциите беа ставени на чекање откако Фицо изјави дека не е подготвен да го поддржи предлогот. Словачка под негова власт инсистира да продолжи да се снабдува со руски гас до 2034 година или да добие 20 милијарди евра гаранции од Брисел за нејзината енергетска безбедност.

Во видеото објавено на Фејсбук, Фицо рече дека им наложил на претставниците на Словачка да го одобрат пакетот. Тој вели дека продолжувањето на блокирањето на потегот би било „контрапродуктивно“ за интересите на Словачка како членка на ЕУ.

Сепак, главната причина лежи другаде, по сѐ изгледа – Словачка сепак добила гаранции од ЕК за помош за потенцијален недостиг на гас, зголемување на цените, транзитни такси и правни спорови, објаснува понатаму Фицо.

Амбасадорите на ЕУ би можеле да се состанат уште денеска за да го одобрат пакетот, според извори од ЕУ.

Во вторникот, министрите за надворешни работи на Европската унија не успеаја едногласно да ги поддржат санкциите, бидејќи Словачка одби.

Словачка повторно го блокира 18. пакет санкции за Русија, Унгарија ќе бара санкции за Украина

The post Фицо: Словачка е подготвена да одобри нови санкции на ЕУ кон Русија appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа