Почеток СВЕТФон дер Лајен: Сцените на цивили убиени во Газа додека чекаат помош се неподносливи

Фон дер Лајен: Сцените на цивили убиени во Газа додека чекаат помош се неподносливи

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека сцените на цивили убиени во Појасот Газа додека чекаат на местата за дистрибуција на хуманитарна помош се „неподносливи“ и го повтори повикот на ЕУ за безбедна и брза испорака на помош и почитување на меѓународното право.

– Цивилите не смеат да бидат цел. Никогаш. Сцените од Газа се неподносливи. ЕУ го повторува својот повик за слободен, безбеден и брз проток на хуманитарна помош. И за целосно почитување на меѓународното и хуманитарното право“, напиша фон дер Лајен во објава на платформата X.

Таа нагласи дека Израел мора да ги исполни своите ветувања во врска со испораката на помош во Газа.

Израел се согласи да го прошири хуманитарниот пристап до Појасот Газа, вклучително и зголемување на бројот на камиони што носат помош, премини и патишта до дистрибутивните центри.

Повеќе од 800 цивили, според податоците објавени од ОН, се убиени додека се обидувале да добијат помош во Газа од крајот на мај кога Хуманитарната фондација Газа, поддржана од Израел и САД, ја презеде дистрибуцијата на помошта.

Текстот Фон дер Лајен: Сцените на цивили убиени во Газа додека чекаат помош се неподносливи е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа