Почеток КУЛТУРАСцена ФОТО+ВИДЕО: Кралицата на маските повторно воодушеви, Хајди Клум оригинална за Ноќ на вештерките

ФОТО+ВИДЕО: Кралицата на маските повторно воодушеви, Хајди Клум оригинална за Ноќ на вештерките

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Хајди Клум (51) воодушеви со уште една неверојатна маска за Ноќта на вештерките. Таа и нејзиниот сопруг Том Каулиц дојдоа облечени како вонземјанинот Е.Т. од истоимениот култен филм од 1982 година.

Парот се дотера како Е.Т., во две верзии – „обична“ и „нашминкана“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

Повеќе од 20 години, Клум внимателно и детално ги изработува своите костими за Ноќта на вештерките и ги воодушевува своите обожаватели, со што ја доби титулата „Кралица на Ноќта на вештерките“. Претходно на социјалните мрежи објави како се подготвува за костимот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prime Video (@primevideo)

Во еден момент Клум го прашала шминкерот уште колку часови се потребни.

– Имаме уште шест часа работа – и одговори тој, на што Клум извика: Не!

– Ова не е нешто што можете да го купите во продавница – објаснува манекенката додека и лепеа нова маска на лицето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

Но, ова не и беше лесно. Хајди откри дека морала да ги тргне долгите црвени нокти за костимот и дека тоа е најнеудобниот костим досега.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro