Кенан Имирзалиоглу (51) е познат на пошироката јавност по улогата на Езел во истоимената серија, а со години се смета за еден од најпосакуваните мажи во Турција.
Откако се појави во таа серија пред 16 години, жените буквално полудеа по него. Неговиот висок, црн и впечатлив изглед стана идеал на многу жени кои сакаа маж како него.
Многумина се согласуваат дека актерот речиси и не старее и изгледа речиси идентично како кога стана познат во серијата „Езел“. Неговите брчки едвај се видливи, а речиси и да нема седа коса, и покрај тоа што е во шестата деценија од животот.
View this post on Instagram
Денес, актерот ужива во семејниот живот со сопругата Синем Кобал, која е 13 години помлада од него, и заедно имаат две ќерки. Се запознале во 2015 година за време на снимањето на серијата и оттогаш се неразделни.
View this post on Instagram
Нивната љубов била толку силна што Синем ја завршила врската со фудбалерот со кој била во врска во тоа време. Една година подоцна, Кенан и Синем се венчале. Двојката неодамна беше забележана на одмор во познатото турско одморалиште Чешме, каде што уживаат со своите ќерки и изгледаат позаљубени од кога било.
View this post on Instagram