И на 58 години, холивудската актерка Хали Бери блеска во ретро костим за капење и отворено говори за врската со музичарот Ван Хaнт, нивната веридба и желба за брак основана на љубов и разбирање.
58-годишната актерка Хали Бери, го привлекла вниманието појавувајќи се во Калифорнија во црно-бело бикини инспирирано од 50-тите години, со впечатлив црн шешир на главата.
На фотографиите таа ја истакнала својата беспрекорна фигура на тело и уживањето во моментот со опис:
„Денови во пустина, прозорците спуштени, музиката гласна, никаде не треба да бидам освен тука“.
Иако не открила со кој била на одмор, познато е дека таа често патува со својот партнер, музичарот Ван Хант.
Во неодамнешно гостување на емисијата „Today Show“, Хали открила дека Ван ја запросил, но дека сѐ уште не ја закажале венчавката.
Искрено признала дека бракот не ѝ е потребен како доказ за љубовта, но би сакала да се венча за него затоа што смета дека тој е „тој вистинскиот за неа“.
Актерката истакнала дека во љубовта на Ван го наоѓа она што отсекогаш го барала – почит, пријателство и искрена поврзаност.
Инаку, таа има две деца, Нахлу (17) и Мацеа (11), а пријателите често ѝ велат дека конечно го нашла она што навистина го заслужува.