Во срцето на Дебар Маало, центарци добија нов уметнички мурал посветен на легендарната детска емисија „Бушава азбука“, создаден по повод 40 години од првото емитување на овој едукативен серијал.
Автори на муралот се уметниците Драган Китановски Драш и Мирослав Грчев Микс, двајца истакнати креативци кои зад себе имаат децении визуелна и културна работа.
Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека муралот е дел од континуираната заложба на општината да го разубавува јавниот простор преку уметност, како што тоа го прават многу светски метрополи.
„Проектот е поддржан од Општина Центар, како дел од програмата за развој културата. Муралот е избран преку јавен повик, со што уште еднаш покажуваме дека транспарентно го поддржуваме домашниот уметнички потенцијал. Муралот нѐ потсетува на детството, на знаењето, на љубопитноста”, вели Герасимовски.
Свеченото отворање на муралот ќе се одржи на 31 август, кога симболично започнува и одбележувањето на четири децении Бушава азбука, проект кој остави трајна вредност во македонската култура.
Текстот (Фото) Герасимовски: Нов уметнички мурал на „Бушава азбука“ во Дебар Маало, Центар како светските метрополи е превземен од МАКФАКС.